x

Тантуровски за посилен Силекс

Дејан Тантуровски следната сезона ќе го носи дресот на Силекс. Клубот од Кратово се пофали со офанзивецот дека е договорен да го облече нивниот дрес.

Тој е дел од оние играчи кои ќе го засилат тимот пред самиот настап во Европа, а како што и самиот Силекс најавува можен и атак на самата шампионска титула следната сезона.

Тантуровски е искусен играч кој досега беше дел од тимот на Македонија ЃП, и кој има во своите нозе и мечеви од младинските репрезентации но и интернационални мечеви.

Тимот на Силекс веќе неколку дена како активно се подготвува за претстојните европски предизвици.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата