x

Танкоски: Бабиќ подготви добра тактика, можеме до победа

tankoski

Данскиот вицешампион ГОГ Гудме е првиот противник на Е.Пелистер во Европската лига. Битолскиот состав во минатото коло не го одигра мечот со Татабања на домашен терен поради коронавирус во таборот на противникот.

Жељко Бабиќ и неговите момци по долга пауза без мечеви конечно ќе го почувствуваат вистинското, подготвени се и желни за битка, и секако први бодови на стартот.

Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски верува дека предноста на Е. Пелистер може да биде долгиот период за подготовка на натпреварот.

„Скоро еден месец го анализиравме ГОГ Гудме и тоа е наша предност, за разлика од нив кои немаа толку време да ја анализираат нашата игра. Од другата страна нивна предност е брзата игра, но мислам дека со тактиката која ја подготви Бабиќ во одбраната можеме да извојуваме победа.

Се чувствувам среќно во овој клуб и чест ми е да работам со еден одличен тренер каков што е Бабиќ, кој се грижи за играчите, што е вистинска реткост“, вели Танкоски.

Натпреварот меѓу ГОГ и Е.Пелистер е закажан со почеток во 18:45 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата