x

Таневски тренер на Академија Пандев и следната сезона

Екипата на Академија ПАндев објави дека Александар Таневски и следната сезона ќе биде на чело на тимот.

Популарниот Клајне застана на чело на екипата по смената на Југослав Тренчовски, но немаше премногу време да се докаже на новото работно место поради прекинот на првенството. Сега, струмичани потврдуваат дека довербата му е додоелена на Таневски и за следната сезона. Таневски го одреди и својот тим на помошни тренери: Ѓорѓе Стојчев, Ристо Ристов и Александар Стојанов, тренер на голмани Томи Пандев и кондиционен тренер Перо Костовски. Почетокот на подготовките за новата сезона се закажани за 1. јули.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата