Докторите ги повикуваат девојките и жените да ги “фрлат” танга-гаќичките и да почнат повторно да користат слип-гаќички, како би го зачувале своето здравје. Предупредувањето дошло по изразито големиот број пациентки кои боледуваат од воспаление на гениталиите. Гинеколозите тврдат дека танга-гаќичките можат да ја оштетат чувствителната кожа околу гениталниот дел, посебно ако се премали или направени од лоша ткаенина. Најголем проблем е токму задниот дел, таканаречениот “врвка”. Томас Гент, член на здружението на гинеколози од Хамбург, кој работел на истражување, објаснил дека повредата може да придонесе за ширење на бактериите и да создаде инфекција. Секоја втора жена помлада од 50 години секојдневно носи танга-гаќички. Затоа секогаш ако веќе се решите за танга нека биде барем од природни материјали, а не од синтетички. Материјалите направени од полиамид и еластин ја задржуваат топлината и можат да предизвикаат иритација на деликатните делови на слузокожата и кожата воопшто. Никогаш не носете премногу тесни танга-гаќички, така полесно доаѓа до иритација на кожата. Совет: Не одете во теретана или на аеробик во танга-гаќички. За време на физичката активност телото се поти, па кожата ќе се воспали поради постојаното триење.