x

Тампа Беј по 16 години го освои Стенли купот!

tampa-bej-e1601359829253

Тампа Беј е на тронот. Екипата од Флорида го освои Стенли купот после триумфот во финалната сериа од плеј-офот во НХЛ шампионатот против Далас со 4:2 и на тој начин по пауза од 16 години стигнува до драгоцениот трофеј.

Во одлучувачкиот шести натпревар, Тампа ги победи Далас Старс со 2:0 и ја освои втората шампионска титула во најсилната хокеарска лига на светот. Прв пат седнаа на тронот во 2004 година.

Во серијата екипата од Тексас поведе со 1:0, но Тампа сврте на 3:1. Противникот намали на 3:2 за во шестиот меч Тампа да победи и да се закити со круната.

Успехот е поголем ако се знае дека целиот плеј-оф го одиграа без еден од најдобрите хокеари на денешницата Стивен Стемкос. Тој се врати по повредата во третиот меч од финалната серија, одигра три минути и пак се повреди. И без него Тампа беше брилијантна. За МВП на плеј-офот е прогласен Швеѓанецот Виктор Хедман кој во доигрувањето реализираше 10 голови и 12 асистенции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата