x

Тампа Беј и Далас во финалето на НХЛ лигата

tampa-bay

Хокеарите на Тампа Беј се пласираа во финалето на НХЛ лигата, откако во шестиот меч од финалето на Истокот успеаја да дојдат до четвртата победа во пресметките со Њујорк Ајлендерс.

Тампа победи со 2:1 по продолженија на шестиот натпревар и ја освои серијата на Истокот со 4:2 во победи. Ентони Сирели го постигна победничкиот гол во 13. минута од продолжението и и донесе успех на Тампа.

Во битката за Стенли Купот, екипата на Тампа Беј ќе се сретне со Далас, кој претходно ја доби серијата од финалето на Западната конференција. Финалната серија стартува во Едмонтон на 22 септември.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата