Народниот пратеник, претседател на Единстевена Србија и градоначалник на Јагодина, Драган Марковиќ Палма организирал народно оро во сред море!

Палма го повел „морското” оро со неколку десетина српски државјани кои се наоѓаат на летување во познатото грчко летувалиште, Паралија.

Орото во живо го следел оркестарот на Новица Николиќ Патало, а целата глетка го привлекла вниманието на сите на плажата, па градоначанликот за кратко време стана хит на интернет!