x

Талески погоди за реми со Томовски, Пешевски перфектен против РНЛ

Новото мак-дерби во Бундеслигата меѓу репрезентативците Филип Талески и Балинген, односно Мартин Томовски и Лудвигсхафен заврши без победник, 25:25 (12:14).

Талески беше најзаслужен за поделбата на бодовите со оглед на тоа дека постигна гол во последните секунди од натпреварот. Бекот запиша четири гола од осум обиди.

Иако Томовски и соиграчите ја имаа иницијативата на најголемиот дел од натпреварот, но на три минути до крајот Балинген изедначи (24:24), а потоа и со реми го затвори мечот. Чуварот на мрежата мина 21 минута на теренот и имаше четири одбрани.

Рајн Некар Левен со 33:32 (14:14) го победи тимот на Жарко Пешевски, Штудгарт, но македонскиот репрезентативец беше перфектен од линијата. Тој имаше реализација 3/3, па дури беше заслужен што Штудгарт се закани на еден гол негатива, но немаше сили за пресврт.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата