Новиот Концепт за основно образование е избрзан, предвремен и во погрешен момент, смета претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 и упати порака на министерката Царовска да не се брза со концепцијата за целосна реформа на основното образование.

Царовска предвреме излезе во јавноста со тие тези. Потребна е посебна анализа, сериозна дебата. Моментот е погрешен. Не е вистинско време сега да се отвори таа тем“, рече Џафери

Министерството за образование подготвува промена на наставните програми и учебници, а Царовска најавува дека со новата концепција треба да се извлече поголем ефект од потенцијалот кај секое дете.

Се најавува дека низ образовниот процес ќе се создаваат граѓани кои ги почитуваат вистинските европски вредности како што се родова еднаквост, толеранција и ненасилството.