Сите оние кои нема да го пријават својот престој можат да заработат казна од 300 евра.

Според министерството за туризам на Црна Гора засега нема никакви нови прописи.

„Наплатата на таксата за престој се однесува само на оние туристи кои користат услуги на сместување и за таа услуга плаќаат. Кога лицето престојува кај родителите или други роднини кои немаат хотел или регистрирани апартмани, тие не се обврзани да плаќаат такса, велат од Министерството за туризам, а пренесува РТС.

Тоа не е новост и не треба да се злоупотребува со цел да му се нанесе штета на туризмот во оваа земја.

„Да се каже некому дека ќе плаќа такса за да ги види родителите или роднините – го загрозува туризмот”, потенцираат од Министрството.

Недоумица е и околу најавениот евтин роаминг. Се уште не се знае кои цени ќе важат од денеска затоа што Управниот суд на ЦрнаГора одлучи дека договорот за евтин роаминг меѓу земјите од регионот не е во рамките на интересот на тамошните оператори.

Од Белград им порачаа дека тоа не ја одлага примената на договорот.