x

Така било во времето на Сантрач: Доаѓаше со две старлети во соба, а ние ја базиравме играта на него!

1997-yugoslavia

Раде Богдановиќ, некогашен репрезентативец на СР Југославија од времето кога селектор беше Слободан Сантрач, за српските медиуми изнесе шокантни тврдења за тоа што се случувало во 1997 година во селекцијата на таа земја. Да потсетиме дека тогаш играа Стојковиќ, Савичевиќ, Михајловиќ, Мијатовиќ, Милошевиќ и останатите ѕвезди на европскиот фудбал.

Во Ковилово, каде тренираше репрезентацијата, дел од нашите репрезентативци доаѓаа со старлети во соба, и тоа во 5 или 6 часот рано наутро. А еден па, малку му беше една, доаѓаше со две. Којзнае можеби сакал “тројки“ човекот. Интересно беше тоа што ние на него ја базиравме играта на нашата репрезентација, а тој доаѓа со старлети во соба. Замислете. И сега што направи селекторот Сантрач, па му даде слободен ден само да не се зборува и да не се шират афери“ заврши Богдановиќ.

Сепак не кажа на кого мисли од некогашните свои репрезентативци колеги, но јасно е дека посочениот тогаш бил најдобриот или еден од најдобрите репрезентативци. Може само да погодуваме.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата