x

Таиво: „Ме прашуваа колку пари сум добил за шампионскиот гол на Агуеро во 2012“

Завршницата на англиската Премиер лига во 2012 година беше една од највозбудливите во историјата. На Сити во последното коло му требаше победа над КПР на домашен терен за да стане шампион на Англија. Навивачите на градскиот ривал Манчестер Јунајтед веќе ја славеа титулата кога КПР на „Етихад“ како гостин водеше со 2:1. А потоа Един Џеко и Серхио Агуеро со головите во судиското продолжение му ја донесоа на Сити титулата.

А еден од дефанзивците на КПР Таје Таиво не успеа да го спречи Агуеро во последните секунди. Нигериецот раскажа што му се случило на „Сан Сиро“ кога се вратил во Милан (тогаш играл како позајмен во КПР).

Кога се вратив во Милано тренерот ми рече: „Каде ти се парите кои ти ги дадоа. Дај ми и на мене малку“. Се чудев и го прашав за кои пари зборува. Играчите се смееја позади и тогаш сфатив дека се шегуваат со мене. Тренерот ми рече: ’Затоа што си силен и талентиран, можеше лесно да му ја земеш топката на Агуеро. Можеби сопствениците на Сити ти дале пари, ете затоа“, вели Таиво кој додава дека таа снимка ја погледнал 100 пати.

Многу пати ја гледав снимката. Јас бев на десната страна, Балотели беше таму и топката го погоди, а тој успеа да ја турне до Агуеро. Кога Агуеро ја прифати топката, немав голем избор. Испружив нога да го блокирам, но тој многу добро ја шутна топката“, се сеќава Таиво.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата