x

Тажно е во Сент Етјен: Капитенот се пензионираше после 23 години во клубот

perin

Лоик Перин, легендарниот фудбалер на Сент Етјен одлучи да се повлече од активното играње на фудбал на 34. години. Централниот дефанзивец целата кариера ја помина на стадионот„Жофри Гишар“ во својот роден Сент Етјен, дебитираше за првиот тим во Лига 2 во декември 2003 година, а во клубот е од 1997 година.

Зад себе има 470 натпревари, постигна 30 голови, а во 2013 година со „зелените“ го освои Лига купот на Франција.
Перин е еден од ретките фудбалски легенди кои целата кариера ги бранеле боите само на една екипа како Франческо Тоти, Паоло Малдини, Џејми Карагер, Рајан Гигс…

Последниот меч во кариерата му беше финалето на Купот во кој ПСЖ славеше со 1:0. На тој меч Перин доби црвен картон по опасниот старт на Мбапе. Младиот Французин не можеше да продолжи, а поради повредата ќе паузира неколку недели.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата