Откако на 13 декември почина по компликациите по операцијата за стеснување на желудникот, вчера беше погребан таткото на славниот пејач Дарко Лазиќ.

Тој вчера беше погребан, а на погребот за последен пат го испратија семејството, пријателите и соседите на таткото на пејачот.

Инаку заедно со ковчегот беше закопана и хармониката на Милан која му беше омилена со години наназад, а во тие моменти мајката на Дарко се онесвестила, пишуваат српските медиуми.

На погребот присуствуваше и кумата на Дарко Лазиќ, пејачката Андриана Чекиќ која беше во придружба на свршеникот.

Во тешките моменти не го оставија ниту пејачката Александра Пријовиќ како и Љуба Аличиќ.