Предвреме родениот Александар, чија мајка почина во ковид-болница за време на породувањето, е симнат од респиратор и конечно е надвор од животна опасност. После 25 дена тешка борба за животот на бебето тоа дише самостојно и е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Таткото на малечкиот Александар открил дека и покрај тоа што неговиот син е добро, тој се уште не може да му пријде заради мерките на претпазливост на одделот за неонатологија во Клиничкиот центар во Ниш и дека бебето го гледа само од далеку. 

– Бебето е добро. Ми дозволуваат да го гледам од далеку, преку стакло, но редовно ме информираат за неговата состојба“, рекол таткото на Александар, кој е роден со само 920 грама.