Денес по кратко боледување почина Јован Андонов – Реган, електроинженер, стопанственик и политичар. Андонов-Реган е роден во Пехчево 1940 год.

Андонов дипломирал на Електротехничкиот факултет во Загреб. Тој е исто така и еден од основачите на СДСМ, и потпретседател.

Бил потпретседател на Владата на РМ (20. Ⅲ 1991 – 4 IX 1992) и имал свој патентиран пронајдок во југословенскиот Сојузен патентен завод од областа на електрониката и телекомуникациите.

Погребот е утре од 15 часот на градските гробишта Бутел.