Таен агент ги поткупувал професорите!
“Ајде, брате, ти мене да не ме апсиш, а јас на тебе ќе ти завршам да добиеш диплома од Правен факултет” – вака гласеше понудата со која во јули минатата година некој си Саша Јовановиќ (36) од Велика Плана сакал да избегне затвор поради трговија со крадени автомобили. Понудата очигледно била упатена на погреша адреса – до еден полицаец од Смедерево кој за сето ова ги известил старешините во МВР на Србија. Стратегијата била веднаш направена, па полицаецот во наредните седум месеци станал студент по задача кој ја раскринкал целата корупциска мрежа на Правниот факултет во Крагуевац.
” Во МВР на Србија веднаш паднал договор Јовановиќ да не се апси, бидејќи ова беше извонредна прилика да се проверат долгогодишните шушкања дека професорите на факултетот во Крагуевац земаат мито. Јовановиќ без поговор го извршил својот дел од догворот и полицаецот од Смедерево го поврзал со неколку “свои” професори на Правниот факултет. Тие, за пари, си зеле обврска да му завршат работа за добивање диплома. Седум месеци полицаецот доаѓал на факултет, пријавувал и без проблеми “полагал” испити. Поради ризикот тајниот агент да не биде откриен, тој работел сам, но вооружен со видео-техника со која го снимал секое давање мито. Имавме голема доверба во полицаецот, бидејќи тој и порано се докажал како одличен оперативец, а ја поминал и обуката на ФБИ во центарот во Будимпешта” -вели изворот од МВР на Србија.
Истрагата потврдила дека Јовановиќ, кој има подебело криминално досие, бил посредник во сите договори со професорите за голем број “дипломирани”. Земените пари тој им ги носел на професорите, а тие му давале процент. Кабинетите на уапсените професори се запечатени, но на факултетот сепак доаѓаат студенти. Повеќето од нив се среќни што ова се случило, но имало и такви кои се во паника, бидејќи како што велат нивните колеги и тие купувале испити. Вчера сите уапсени професори беа на испрашување во Окружниот суд во Смедерево.