Претседателот на Србија Борис Тадиќ побара во најкус можен рок состанок со премиерот Војислав Коштуница поради се поострата антизападна реторика на министрите и останатите функционери на ДСС, дознава белградски “Курир”. Според извори од претседателскиот кабинет, Тадиќ бил многу лут поради “кампањата на изолација која одделни министри на ДСС деструктивно ја водат, а која може Србија повторно да ја врати во времето на судирот со целиот свет”.

Претседателот Тадиќ смета дека наместо изолационистичката кампања, Србија сериозно, силно и аргументирано мора да продолжи да го брани сопствениот суверенитет и интегритет. Претседателот смета дека со осоопштенијата кои им ги даваат демократите на Коштуница на граѓаните, ги ставаат во заблуда и ги водат во погрешна насока.