Поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ е пуштен од болница и се чувствува добро, по 15-дневна борба со коронавирусот.

Тадиќ на Твитер изјави дека го напуштил КБЦ Драгиша Мишовиќ, и им се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал, кои, како што рече, се грижат за сите пациенти дење и ноќе со исклучителна посветеност.


“Бидете одговорни, бидејќи секое потценување на оваа опасна болест може да биде опасно по живот. Пазете се”, рече сегашниот претседател на Социјалдемократската партија.

Тадиќ откри дека бил позитивен на тест за коронавирус на 5 декември, кога го добил резултатот од тестот, а потоа ги информирал и сите со кои бил во контакт на Твитер.