На српскиот претседател Борис Тадиќ завчера, во согласност со препораките на лекарите, му е оперирана жолчката на Воено медицнската акдемија (ВМА) во Белград, соопшти Прес-службата на неговиот кабинет. Во соопштението се наведува дека по операцијата Тадиќ се чувствува добро и дека денеска претседателот Тадиќ ќе излезе од клиниката ВМА.