Во Албанија од 1. јануари со закон забранети се сите обожувалници, а многу мажи кои се навлечени на обложување останле без своето собиралиште.

Влстите во Тирана имаат намера со овој потфат да го сузбијат негативното влијание на коцкањето кај народот, со што во еден ден затворени се 4.300 обложувалници кои ги имало во оваа држава.

Забраната се однесува и на онлајн опклади и на коцкарници, кои од пред три дена дозволено е само во хотели со 5 ѕвезди.

Оваа одлука многу тешко му паднала на еден Албанец, а еден од нив снимил видео кое за кратко време стана вирален хит на социјалните мрежи.