На скопскиот аеродром се делат откази дознава Алфа од извори меѓу вработените во ТАВ. Според информациите на до кои дошла Алфа станува збор за фантастична бројка од 400 отпуштања за кои се процесуираат отказите откако заврши рокот до кој не смееше да се отпуштаат вработени од фирмите кои земале државна помош за ковид кризата. 

Алфа побара одговор и од ТАВ од каде демантираат дека станува збор за 400 вработени, оти како што велат „не би било возможно толкаво намалување на бројот на вработените да функционираат аеродромските операции“, но нема изричен демант дека се делат откази, за колкав број станува збор нема одговор. 

Како резултат на кризата Ковид-19, која сериозно ја погоди авијацијата во глобални рамки, по повторно отварање на аеродромите нашите операции се намалени, следствено и нашите приходи се намалени исто така, додека трошоците останаа исти. Поради ова, работиме да го балансираме континуитетот на бизнисот и вработувањата, велат за Алфа од ТАВ.

Извор: Алфа