Секоја диета и начин за слабеење подразбира и пиење доволна количина вода, а спрема општа процена, препорачано дневно внесување вода се две литра, односно осум чаши вода.

Ако сакате да ги зголемите своите шанси за слабеење и успешна диета а од водата извлечете максимум, мора во обзир да ја земете вашата телесна тежина односно килограми и спрема таа бројка да одредете колку точно вода мора да испиете.

Еве колку вода дневно е потребно на вашето тело за да ослабите во однос на вашата телесна тежина:

60 килограми – 2 л. вода ( 5-6 чаши вода од 3,5 дл.)

65 килограми – 2,1 л. вода ( 6 чаши од 3,5 дл.)

70 килограми – 2,3 л. вода ( 6 чаши вода од по 3,5 дл.)

75 килограми – 2,5 л. вода (7 чаши вода од 3,5 дл.)

80 килограми – 2,6 л. вода (7 чашачи вода од 3,5 дл.)  

85 килограми – 2,8 л. вода ( 8 чаши вода од 3,5 дл.)

90 килограми – 3 л. вода ( 8 чаши водаo од 3,5 дл.)

95 килограми – 3,2 л. вода (9 чаши вода од 3,5 дл.)

100 килограми – 3,3 л. вода (9 чаши вода од 3,5 дл.)

105 килограми – 3,4 л. вода (9 чаши вода од 3,5 дл.)

110 килограми – 3,6 л. вода (9 чаши вода 3,5 дл.)

115 и повеќе килограми – 3,7 л. вода (10-11 чаши вода од 3,5 дл.)

Совети како во тек на денот да внесете доволна количина вода и со тоа да го задоволите важното правило за секоја диета:

1. Пред секој оброк испиете две чаши со вода од по 2,5 дл. вода

2. Наутро откога ќе станете и навечер пред спиење испиете две големи чаши вода и на тој начин ќе внесете до 1 литар вода

Совет: Ако поради водата која ја пиете пред спиење се будете навечер и морате во тоалет, таа чаша вода можете да ја испиете наутро. За поголема ефикасност на водата можете да додадете лимон или други додатоци, (можеби комбуха)