Романката Рифка Станеску, која на 12 години родила дете и официјално стана најмлада баба на светот. Таа уште во 23 година од животот можеше да се пофали со дете, но и внук.

Таа ја родила Марија кога имала само 12 години, но иако го предупредувала детето да не оди по нејзините стапки, нејзината ќерка забременила ушт екога имала 11 години.

Младата баба, од селото Ивест во Романија вели дека ја советувала својата ќерка да оди на училиште, но тоа не вредело.

Среќна сум што сум баба, но сакав нешто друго за Марија. Нејзиниот син Ион е добро момче и веќе на осум години се вереше со девојче. Момчиња е секогаш добро да се има, зашто тие не патат многу, како девојчињата, изјавила Рифка за британски „Сан”.

Родена е во 1985 година, Рифка и се спротивставила на своето семејство, па побегнала со украден накит кај Ион Станеску кога имала само 11 години. Двајцата се венчале, а набрзо Рифка забременила. Интересно е дека на тој начин Рифка успеала да избегне договорен брак, кој нејзиното семејство го планирала за неа.

Сакав да се венчам за него. Секако, откако побегнав, ние двајца почнавме да се забавуваме и не постоеше ништо и никој кој можеше да не раздвои, рекла необичната баба.

Сепак, колку и двајцата да сакале нивната ќерла Марија да се посвети на школото, таа сепак се одлучила да вплови во брачните води.