Португалецот офивијално е сингл по раскинувањето со Ирина Шеик, а минимум еднаш неделно медиумите го поврзуваат со новаљ убавица. Често и итие сами се фалат дека биле со него без разлика дали е вистина или пак сакаат малку внимание од седмата сила.

Новата девојка на роналдо, како што самата вели е манекенката Елиса Паничи, која откри дека го тренира Португалецот, во интервју за еден женски магазин во Италија.

-Не можам да зборувам за мојата врска со Роналдо. Не сакам да ја расипам работата. Кристијано е поседен и многу добар дечко вфо секоја смисла. Се запознавме преку заеднички пријател. Бевме заедно на Ибица и многу убаво си поминавме. Но, нема ништо детално да зборувам, ни за нашата врска, ниту за сексот, бидејќи тој моментно е на Европското првенство и не скам тоа да го поремети, изјави Елиса.

Роналдо на ЕП не личи на себе, а на последниот натпревар против Австрија промаши пенал. Но, најверојатно неговата неефикасност се должи на тоа што премногу се заморил на одморот на Ибица.