Пожарот кој викендов го зафати северозападен Кипар беснее веќе трет ден.

Властите на островот денеска очекуваат помош од Израел и земјите-членки на ЕУ, кои треба да испратат свои авиони за борба со огнената стихија, јавија кипарските медиуми.

Помош побарана е и од Европскиот механизам за граѓанска заштита.

Најмалку еден пожарникар загина во огнената стихија.

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис изјави дека е потресен од загубата на човечкиот живот.

Тоа е еден од најголемите пожари на островот последниве години. Пеплосани се над 15 квадратни километри шумска површина, а околните населби се евакуирани.