Овој рецепт е само за возрасни бидејќи содржи една тајна состојка – рум.

Потребни состојки:

  • 1250 мл млеко
  • 120 г ориз
  • едно стапче ванила
  • 100 г шеќер
  • 2 лажички рум
  • 1 лажичка рендана кора од портокал
  • парчиња портокал

Начин на приготвување: Во сад на оган ставете ги млекото, оризот и ванилата и оставете ги додека млекото не почне да врие. Потоа намалете ја температурата на среден оган и гответе околу 25 минути додека омекне оризот. Додајте ги шеќерот, румот и кората од портокал и гответе така уште 5-10 минути додека смесата убаво не се згусне. Поделете го сутлијашот во чинии и оставете ги во фрижидер неколку часа за да се изладат. Сервирајте со парчиња портокал.