x

Суспензии во Италија поради случајот “Суарез“, обвинителството му се заканува и на Јуве!

luis

А има ли некоја афера во фудбалска Италија а да не е вмешан Јувентус, најтрофејниот клуб во таа земја. Имено деновиве фрчат казни и суспензии во Италија по повод случајот „Сураез“.

Колку за потсетување,во летниот преоден рок Уругваецот беше на чекор до трансфер во клубот од Торино. Но Јуве го сакаше Суарез само како државјанин на Европската Унија. А тоа да стане, Луис мораше да докаже дека има познавање на италијанскиот јазик. И дечкото си полагал, ама со наместени прашање, а погодувате кој би можел да “ургира“ кај Универзитетот за странци во Перуџа, посебно кај ректорката Џулијана Грего, директорот Симеоне Оливиери, како и професорите кои го испрашувале фудбалеро. Сите тие се сусндирани на по осум месеци од своите работни мест.

Државните власти сакаат целиот случај да го изнесат на виделина, па затоа деновиве се подготвувале и обемни докази против Јувентус. Се очекува обвителството да тргне и против клубот од Торино.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата