Славниот американски рапер Снуп Дог ќе биде една од главните ѕвезди на годинешниот фестивал Егзит, кој секоја година традиционално се случува на петроварадинската тврдина во Нови Сад. Познатиот рапер веќе има настапувано на фестивалот Егзит 2007 година, кога рапувал пред околу 50.000 луѓе. Гостувањето ќе го искористи за промоција на новиот албум, кој го најави со синглот Ла, ла, лаа кој го работел под влијание на реге музиката на Боб Марли.

Регето ме воодушевува. Поради него го сменив името. Отидов во храм во Јамајка и од свештеникот добив ново име – Снуп Лајон. Сакам потполно да расчистам со Снуп Дог-рекол контроверзниот музичар кој е на сцената од 1992 година.