x

Супер резервите му донесоа триумф на Борец

viber_image_2020-10-18_16-22-48

Борец – Македонија ЃП 2:1 (0:0)

Гратски стадон во Велес

Без гледачи

Главен судија: Димитар Мечкаровски Помошници: Дејан Неделковски (СКопје) Слаѓан Марковски (Гостивар)

Стрелци: Пеев 86‘ (п ) Ѓоргиев 90‘  (Б) Фернандо 90+6 (МЃП)

Ж.картони: Силва, Ристовски (Б) Китановски, Атанасковски, Калид, НАстевски (МЃП)

Играч на натпревар: Оливер Пеев (Б)

Борец: Мустафа, Ристовски (Десниќ 80‘), Стојчевски, Трајановски, Ристески, Ефтимов (Пеев 67‘), Ристовски, Силва (Станковски 90‘), Коцев, Радовиќ (Ѓоргиев 67), Прелчец (Трајков 90‘)

Македонија ЃП: Стефковски, Атанасковски (Фернандо 70‘), Китановски, Личина, Божиновски, Калид, Филоповски (Демир 86‘), Петров, Ковачев, Настевски (Адем 53‘), Воша

Екипата на Борец успеа на домашен терен да слави против Македонија ЃП во рамките од првенствениот натпревар на Македонскио шампионат. Конечниот резултат гласи 2:0, а стрелци на  головите беа Пеев односно Ѓоргиев во финишот на мечот. Пеев одлично реагираше на одбиената топка од голманот на МЃП, Христијан Стефковски. На голот му претходеа два изведени пенали од страна на НИкола Пречец, едниот повторен, а двата ги одбрани токму Стевковски. Сепак, не можеше денеска одличниот голман на гостите и да реагира и по трет пат во само пет секунди и прими гол за кој воопшто не е виновен. Ѓоргиев пак искористи една добра акција, се најде во самиот петерец

Борец промашуваше во првиот дел

Домашниот состав подобромго отвори мечот за разлика од гостите. Поконкретен на противничката половина. Првата ситуација беше и голема шанса. Радовиќ исфрлен сам пред Стефковски си дава предолг фор, шутира, но голманот на МЃП одлично блокира. Токму Радовиќ асистира за Ристовски во 12 минута, а овој го уптатува вториот директен удар, Стефковски повторно сигурен. Следните два удара се на Пречец, но Стефковски повторно сигурен, барем во првиот обид, додека во вториот од голема далечина реагираше чудно, со гради но сепак, ја отсртани опасноста.

Калид го тестира Мустафа

На спротивната страна пак, најопасното нешто што Македонија ЃП го има во своите редови сезонава, робисниот напаѓач Калид му избега на Стојчевски директниот чувар и од рпеку дваесет и пет метри шутира. Топката доби ефе, почна нагло да паѓа под пречка но Бурхан Мустафа не дава да биде изненаден. Воша се обиде во соло пробив нареди во дриблинг неколку дефанзивци но неговиот удар на крај блокиран.

Мустафа по втор пат поуспешен од Калид

Во 60 минута клучен момент на натпреварот. Арби Воша нафрли од десно, а во петерецот Ристовски стартувае врз Калид. Судијата Мечкаровски досуди пенал, а Калид сам ја презема одговорноста. Сепак, иако сите помислија дека ќе распали по топката, тој шутираше млако, а Мустафа реагираше супер. Одбрани пенал и го остави својот тим во игра.

Следуваше во70. ,минута зицер ситуација за домашните. Силва одлично го проигрува Ристовски по десно, а единаесетката на Борец влегува во шеснаесетникот, си прави простор за удар, биде но милиметри над голот на Стефковски.

Во 78. Минута Силва од слободен удар од лево, прекрасно биеше на втората статива но сантиметри беше непрецизен. Да одеше во голот оваа топка, Стефковски не ќе имаше шанси да реагира.

Прелчец за малку трагичар, Пеев херој од клупа

На десетина минути до крајот, Ковачев стартува од позадина на Десниќ, а судијата Мечкаровски по втора пат на овој меч дозудува пенал овојпат за домашните. Во врвиот обид Прелчец промаши загоа Стфековски го прочита, но судијата го поништи овој пенал затоа што Стфековски не бил на линијата. Прелчев повторно се обиде, Стефковски оовторно брани, топката се одбива до Прелчец кој трет пат путира, Стефковски уште еднаш подобар од напаѓачот на Борец, за да конечно на таа одбиена топка, Оливер Пеев забива во празната мрежа на Македонија ЃП.

Во самиот финиш, кога гостите тргнаа да даваат гол, уште еден резервист во домашниот тим, Ѓорѓиев погоди за двојно водство и конечни 2:0.

Длабоко во судиското продолжение уште еден резервист овојпат во гостинскиот тим Фернандо намали на 2:1, и го постави конечниот резулат на овој меч

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата