x

Супер гест: Затоа тој е ГОСПОДИН Клаудио Ранијери!

Познато е дека Клаудио Ранијери важи за еден од оние тренери за кои не се „врзуваат“ скандали, дека максимално е почитуван и респектиран. 

Она што го направи деновиве по повод Велигденските празници, навистина го може само тој.

Тренерот на Сампдорија ги контактирал локалните пекари и нарачал Велигденски чоколадни јајца за сите свои играчи, персонални подароци, а за тие кои имаат деца и повеќе подароци. Се со цел да се радуваат на празниците, кои се слават викендов во католичка Италија. Навистина гест кој може да го направи само МИСТЕР Клаудио Ранијери.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата