Сулејман Таловиќ(18), кој пред неколку дена уби петмина во Салт Лејк Сити, во САД влегол со хрватски пасош.Неговиот роднина Реџо Таловиќ за Ројтерс изјавил дека тој го преживеал масакрот во Сребреница. Младиот Сулејман со семејството побегнал во Сребреница од родното Таловиќи во источна Босна. Таму поминале две години. При опсадата на градот од страна на босанските Срби од граната загинал дедо му на Сулејман. Тој и неговата мајка биле евакуирани од ОН, а по војната се споиле со татко му.