Пратеници на Зоран Заев и Али Ахмети го молеле доскорешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи да обезбеди гласови за Стево Пендаровски на претседателските избори во 2019 година.

– Миле Зечевиќ од СДСМ, претставник на Зоран Заев, и Изет Меџити, преставник на ДУИ, ме молеа да ги примам на состанок. Им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Двајца Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Јас ја повикам мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја, рече Реџепи во гостување на ТВ 21.