Една од најпопуларните македонски фолк-пејачки, Сузана Спасовска се врати од Кина, каде што престојуваше изминатиов период. Таа на својот фејсбук-профил објави статус на кој вели „Тука сум луѓе мои, се вратив од Кина. Овој пат беше кратко, ама слатко”.

Фолк-дивата особено го привлече вниманието со видеото кое неодамна го пушти на социјалните мрежи на кое пее песна на Кинескиот ѕид, а туристите воодушевени ракоплескаат на нејзиниот спонтан настап.

Сузана Спасовска е чест гостин во Кина, но и една од ретките кај нас кои го учат и убаво го зборуваат кинескиот јазик.