Сузана Манчиќ за само осум дена симнала 5 килограми! Некогашната лото девојка е на таканаречената липосукциска диета: јаде само зелен зеленчук и пие суплементи, а не смее да касне ништо слатко, дури ни овошје. 

– Денот го почнувам со топла лимонада и кесичка суплементи кои ги имаат сите неопходни витамини и минерали. Исто е и за ручек. Ако огладнам, дозволена ми е само една свежа краставица. На овој режим сум веќе осум дена. Имав 80 кг, а цел ми е да достигнам 70. На добар пат сум, сега вагата покажува 75, рекла Сузана.

Признала дека воопшто не се чувствува малаксано иако диетата е строга. 

– Убаво спијам, имам енергија. Разликата веќе ја забележувам, и тоа по гардеробата која до скоро ми беше тесна. Верувајте ми функционира оваа исхрана. Шеќери не доаѓаат предвид, а забрането ми е дури и овошје.Од зеленчук дозволен ми е само зелениот: брокула, рукола, зелена салата и спанаќ. Јадам и парче риба или црвено месо. Чаеви и кафе смеам во текот на целиот ден, но секако без шеќер. Дозволена ми е и по една чаша црвено вино, но само еднаш во неделата, рекла Сузана и открила дека на овој чекор се решила затоа што е лице од ТВ-екраните и не смее да има вишок.   

– Хедониста сум, но морав на диета кога видов дека сум се здебелила повеќе од 10 килограми. Од мене се бара да изгледам добро, додала некогашната лото девојка. 

ЕВЕ ШТО ЈАДЕ СУЗАНА:

Појадок: Зелено смути или чаша топла лимонада, суплементи. 

Ручек: Исто како и за појадокот

Вечера: Салата од рукола со парче риба или црвено месо