Судската пресуда, конечно, стана извршна
Пресудата на Апелациониот суд за случајот НИП “Нова Македонија” вчера конечно стана извршна. Со тоа сите пречки за практичната реализација на купопродажниот договор со Јавното станбено претпријатие, кое во јули на тендер ја купи големата зграда на некогашниот НИП, се отстранети. Ова вчера за “Вечер” го изјави стечајниот управник на НИП-от Ангелина Гогушевска. Таа потврди дека до понеделник ќе бидат завршени сите останати детали, односно ќе се добие новиот поседовен лист од Катастар исчистен од хипотеката, а ќе биде потпишан и купопродажниот договор со станбеното претпријатие. “Во вторник, на 27 декември, стартува исплатата на парите на поранешните вработени во НИП-от преку сите експозитури на Тутунска банка. Налог е даден веќе на Банката да се подготви и обезбеди со готовина за исплата”, вели Гогушевска. (В.М.Б.)