Богатиот пејач, дизајнер и продуцент Шон Комбс досега веќе неколкупати го менуваше своето име, а последното познато Диди сега му е забрането во Англија. На Островот постои Ричард Диди Диарлав познат на клупската сцена по повеќе ремикси, а кој го тужел Американецот поради користење на неговиот прекар.
Судот во Лондон пресудил во корист на Диарлав, па Комбс, некогаш Паф Деди и Пи Диди, ќе мора да плати отштета и да одбере ново име за користење во Англија. Комбс некогашниот свршеник на Џенифер Лопез, инаку “паѓаè на англиските ѕвезди. Се фалел дека е добар пријател со Бекамови, на Руни му подготвува незаборавно журкање во Њујорк, а сака да сними и дует со Роби Вилијамс.