Судија на Високиот суд во Лондон ги отфрли обвинувањата против Борис Џонсон, кој е главен кандидат за наследник на премиерката, Тереза Меј.

Судија од Вестминстер минатиот месец изјави дека Џонсон треба да се појави пред судот под обвинение дека лажел за време на референдумот за брегзит, тврдејќи дека Велика Британија ќе биде побогата за 350 милиони фунти неделно ако ја напушти ЕУ, пренесе „Ројтерс“.

 

извор: Makfax