Британскиот суд донесе одлука со која етичкото веганство се прогласува за филозофско верување и со тоа е заштитено со закон.

Џорди Касамиџана тужеше добротворна организација за заштита на животните, бидејќи го отпуштила од работа откако изразил загриженост дека пензискиот фонд инвестира во компании што се вклучени во тестирање на животни.

Тој тврди дека бил неправедно казнет за откривање на информациите до вработените и дека решението за негово разрешување било поради неговата филозофска верба во етички веганизам, пренесува Гардијан.

Судот во Норвич денес донесе одлука дека етичкиот веганизам ги исполнува условите да биде прогласен за филозофско верување и затоа е заштитен со Законот за еднаквост.

Пресудата подразбира дека етичките вегани имаат право на заштита од дискриминација.

извор: Makfax