Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието на Република Македонија, а по претходно добиени мислења од надлежното обвинителство, уважи уште пет барања на обвинети лица во предметот.

Судот ги уважи барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17, соопштија оттаму.

Од судот додаваат дека сите преостанати барања се одбиени како неосновани.

Со овие решенија Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во законски утврдениот рок постапи, донесе решенија и истите ги достави до странките по однос
на сите барања поврзани со Законот за амнестија на настаните од 27 – ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

извор: Makfax