x

Судии за 18.коло: Мечкаровски се простува од судењето на мечот Шкендија – Пелистер!

meckarovski

Димитар Мечкаровски во среда за последен пат ќе ја дели правдата во мак – фудбалот. Тој на мечот Шкендија – Пелистер, каде е делегиран, се простува од судиската кариера. Популарниот Мече наназад деценија и повеќе важеше за еден од нашите најдобри судии, судел и финалиња на Купот, има и интернационална кариера.

Се очекува на својот последен меч во Тетово и овојпат да биде, како и обично, на висина на задачата.

ДВОЈКИ И СУДИИ – 16.12.2020 (13 Ч)

Шкендија – Пелистер: Д. Мечкаровски (Скопје)

Беласица – Вардар: Ј. Бартон (Скопје)

Македонија ЃП – Ренова: С. Трпчевски (Кавадарци)

Шкупи – Струга ТЛ: М. Гоцевски (Струмица)

Работнички – Борец: А. Грујоски (Кичево)

Силекс – А. Пандев: Ј. Качевски (Струга)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата