Здружението на судиите на Република Македонија, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија, организира работилница „Известување за правдата: патоказ за унапредување на судско-медиумските односи за судии и новинари“, која е насочена кон потребата да се воспостави дијалог помеѓу медиумите и правните институции и да се зголеми транспарентноста на правниот систем.

Работилницата има цел новинарите подобро да се запознаат со судскиот процес и како правилно да побараат и да добијат информации од јавен карактер кои се однесуваат на судските постапки, од една страна, како и портпаролите на судовите и претставниците на правосудните институции да ја зајакнат својата комуникација со медиумите и да обезбедат точни, навремени и јавно релевантни информации, од друга.

Судијата Џемали Саити, претседател на Здружението на судиите на РМ, рече дека публицитетот на судските постапки значи одржување на рамнотежата помеѓу правото на јавноста да знае и почитувањето на приватноста и пресумцијата на невиност на оние што се вклучени во процесот.

извор: Makfax