Обвинетиот Мунир Пепиќ не се појави на денешното судење за 27 април и поради тоа беше одложено денешното рочиште за случајот на кое требаше да бидат презентирани материјални докази на прво и второобвинетите – пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски.

Како што наведе судијката Добрила Кацарска, причина за отсуството на Пепиќ е рочиштето за случајот „Титаник“ кое денеска е закажано во исто време како и судењето за 27 април.

„Со оглед дека обвинетиот Мунир Пепиќ се наоѓа во друга судница, истиот не е спроведен тука, иако термините за овој случај се закажани уште во септември. Поради некоординираност во судот се случи во ист ден, во ист термин, да се суди и друг предмет, каде како обвинет се наоѓа Мунир Пепиќ, а тоа е предметот познат во јавноста како ‘Титаник’“, рече Кацарска.

Виктор Јованов

извор: Makfax