Новата спортска сала во СУГС „Боро Петрушевски“ денеска беше официјално отворена.

„АСУЦ ‘Боро Петрушевски’ од денеска е побогат за нова современа спортска сала која конечно, после 14 години од почетокот на нејзината градба, е завршена и ставена во употреба на задоволство на учениците и наставниот кадар од ова средно училиште. АСУЦ беше едно од ретките средни училишта кои досега немаа сопствена спортска сала, а сега има со вкупна површина од 1423 квадратни метри“, рече на отворањето градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Објектот е опремен со голема спортска сала, пинг-понг сала, мала сала за гимнастика, сала за пилатес и фитнес, простор за реквизити и гардероби.

извор: Makfax