Соработникот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, Јошихиде Суга (71) победи на изборите за претседател на владејачката Либерално-демократска партија.

Со тоа го отвори патот за назначување на нов јапонски премиер.

Јапонскиот парламент треба да донесе одлука за избор на нов премиер оваа недела, пренесува „Ројтерс“.

Суга, кој беше генерален секретар на јапонската влада неколку години, најави дека ќе го следи рецептот на неговиот претходник кога станува збор за монетарната политика, државните трошоци и реформите.

 

извор: Makfax