x

Суарез им се закани на челниците на Барса

suarez

Сапуницата околу Луис Суарез продолжува. По скандалот со тестот по италијански јазик, излезе нов момент.

Тој сака да го облече дресот на Атлетико Мадрид, но Барселона не сака да го пушти без обештетување. Искусниот напаѓач има уште година дена од договорот со каталанскиот гигант, кога веќе не е во плановите на Роналд Куман сака да замине како слободен играч.

Ова не им се доаѓа на челниците бидејќи во редовите на директниот ривал за титулата. Суарез го изгубил трпението, па им се заканил. „Мундо Депортиво“ утринава откри дека фудбалерот му порачал на Бартомеу дека ќе одржи прес-конференција на која ќе ги открие сите игри на каталонскиот гигант доколку не добие раскин на договорот како слободен играч.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата