x

Суарез: Бев тажен и повреден

suarez-2-e1601222367335

Луис Суарез одново зборуваше за заминувањето од Барселона. Ова го направи пред средбата на некогашниот и новиот тим, Атлетико Мадрид.

Тој ќе се сретне со своите соиграчи од таборот на каталонскиот гигант за првпат по разделбата. Вели дека му било многу тешко, откако Роналд Куман му соопштил дека е вишок во соблекувалната.

“Бев повреден и тажен поради начинот на кој го напуштив тимот. Се чувствувам городо. Во моментите кога бев непосакуван, најдов место каде некој ме сака. Среќен сум и уживам во овој период на мојата кариера“, рече за „Марка“ Суарез.

Го прашаа за Барса, за головите оваа сезона, дали му недостига некогашниот клуб.

„Не, постои тактични план или кој како сака нека го нарече. Морав да го прифатам тоа, бидејќи тие не ме сакаа, самите можете да заклучите што се случи. Морам да го живеам животот во Атлетико, но се чувствувам лошо кога знам дека моите пријатели имаат проблеми. Но, тоа е само период, головите брзо ќе дојдат“.

Тој брзо се вклопи во новиот тим, постигна пет гола во шест настапи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата