Момците од дуото 2Cellos во моментов престојуваат во Америка каде имаат турнеја во чии рамки го промовираат новиот албум “Score”. Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер по тој повод гостувале во многу американски телевизии, а во дел од интервјуата откриле и досега некои непознати детали од своето музичко минато.

Отсекогаш сакавме да направиме нешто заедно и веруваме дека ќе се случи нешто посебно ако ги здружиме силите. Во 2010 година и двајцата бевме во Лондон, Стјепан само што ги заврши студиите, а јас дојдов на мастер. Сакавме да направиме револуција, ни беше преку глава од студентски живот, да не знаеме што носи иднината. Беше тешко на почетокот, бевме депресивни”, открил Лука, додека Стјепан објаснил зошто наместо класична музика, решиле да свират преработки на познати песни.

Се чувстувавме угнетено затоа што свириме само класична музика со оглед на тоа што отсекогаш сме слушале различни музички жанрови, од рок, преку поп, филмска музика и слично. Виолончелото може да се користи на многу начини и затоа не сакавме да свириме само музика која е напишана пред многу стотици години. Имавме многу адреналин и енергија и класичната музика ја свиревме како рок ѕвезди поради што добивавме многу критики. Нашите животи се променија откако на Јутјуб ја објавивме нашата верзија на “Smooth Criminal” од Мајкл Џексон, после што почнаа да пристигнуваат понуди од многу издавачки куќи. Се се случи во првите две недели, не можевме да веруваме колку мејлови добивме. Стјепан остави свој контакт на “Јутјуб#, а од бројот на пораки кои му стигаа ослабе дури десет килограми од стрес. Не спиевме со ноќи. Тогаш бевме и многу неискусни, не знаевме како функционира шоу-бизнисот”, додал Лука.

Новиот албум на популарното дуо ќе биде пуштен во продажба на 17 март.