“Мојот факултет, Факултетот за арт и дизајн, ги исполни моите очекувања за желбата која ја имам. Знаењето кое го добивам ќе биде од големо значење на професионален план.”

Тоа го вели Радмила Георгиева од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – РМ (ЕУРМ). Таа додава дека го одбрала ЕУРМ бидејќи нуди современа настава која би го привлекла секој студент.

-Мојот факултет, Факултетот за арт и дизајн, ги исполни моите очекувања за желбата која ја имам. Знаењето кое го добивам ќе биде од големо значење на професионален план. Што се однесува на практичната настава, таа ја завршив во Елена Лука, што ми беше големо задоволство. Стекнав дополнително знаење во врска со модата. Комуникацијата со професорите пак, е постојана, бидејќи тие се секогаш тука за нас студентите, вели Георгиева.

Според неа образованието и дополнителната едукација се неопходни за напредување и лична реализација на професионален план.

-За да напредуваш во кариерата и да се надградуваш со знаење, првенствено потребно е образованието, како и дополнителната едукација за понатамошно напредување. Моите понатамошни планови се да го остварам мојот сон и да создадам своја кариера. Би им пренела да имаат голема желба за да можат многу да вложат во себе, и да изберат факултет кој ќе им понуди знаење и добра практична настава, вели Георгиева и додава дека најголем интерес има за модната илустрација. Тоа е нешто во кое уживам, истакнува таа.

Факултетот за арт и дизајн годинава одбележува јубилеј од 10 години постоење. За таа цел, на ЕУРМ се организираат обуки за студенти кои ги држат реномирани професори уметници и дизајнери.

Така, последната обука ја одржа деканот на Факултетот за арт и дизајн, проф. м-р Јана Манева Чупоска која го претстави својот факултет со презентацијата “Улогата на дизајнот во општественото живеење” и истакна дека студиската програма е составена од 80 отсто практична настава и 20 отсто теорија.

-Ние имаме студии во насоките дизајн на ентериер, моден и графички дизајн и постојано учествуваме во различни креативни проекти. Таква е, на пример, годишната студентска изложба која е отворена за сите љубители на уметноста, а покрај тоа, редовно носиме познати имиња од светот на уметноста кои одржуваат предавања на факултетот, потенцираше Манева Чупоска.