Зошто твојот избор беше токму Европскиот универзитет и како се информираше за студиската програма?

Мојот избор за Европски Универзитет беше токму затоа што ја имаше насоката која што ја сакав “Финансиско – Банкарски менаџмент на Економскиот факултет”. За студиската програма и сето она што го нуди Универзитетот се информирав од мои блиски пријатели.

Колку си задоволна од студиите на ЕУРМ, знаењето што ке го добиеш и колку и како тие знаења ти помагаат и ке ти помогнат во понатамошниот професионален пат?

Како постдипломец сум многу задоволна од студиите како и од знаењето што го стекнав кое се надевам дека ќе го применам во блиска иднина.

ЕУРМ организира практична настава за своите студенти. Каде бевте на пракса и какви искуства имаш севкупно и од наставата и од практичната настава?

Јас на пракса бев во Комерцијална Банка во Скопје, сето она кое што сме го учеле имав можност да видам како реално фунционира и сум задоволна од искуството кое го стекнав за време на практичната настава.

Дали сте во моментот работно ангажирани и кои се твоите работни обврски?

Во моментов немам работни обврски, бидејќи бев посветена на моето истражување за магистерскиот труд, но сега откако ја добив дипломата се надевам дека за скоро ќе бидам и работно ангажирана.

Каква беше комуникацијата со професорите на ЕУРМ и колку добро тие знаат да го пренесат нивното знаење?

Комуникацијата со професорите беше одлична тие точно и прецизно ни го пренесуваа нивното знање на начин како полесно да ја сфатиме материјата и тоа многу повеќе преку практични примери кои ги има секојдневно, со тоа што на нас студентите ни беше полесно да го совладаме материјалот.

Колку се неопходни образованието и дополнителната едукација за напредување и лична реализација на професионален план?

Па мислам дека овие две работи не можат една без друга, образованието ни дава знаење, за потоа тоа знаење го прошириме со дополнитени едукации, и тоа преку практична работа, семинари, проекти.

Кои се твоите понатамошни професионални планови?

Моите идни планови се нормално да си најдам работа соодветна на мојата струка. Па може во иднина и на докторски студии.

Кое би била твојата порака до младите кои допрва треба да донесат одлука дали и каде да го продолжат своето образование?

Мојата порака би била студирајте Европски и размислувајте Европски. Нема да погрешите во изборот, бидејќи Европскиот Универзитет нуди одлични услови за студирање, а исто така нуди и широк спектар на области и насоки за кои вие одлучувате што сакате да студирате.

Можеш ли да ни откриеш на која тема беше твојата дипломска и магистерска работа?

Темата на мојот магистерски труд беше ,, Банкарските производи во Комерцијална Банка Р. Македонија и ,,Чешка Спорителна Банка” Р. Чешка.

Колку овие теми се значајни и практично применливи?

Мое мислење е дека се значајни , бидејќи убаво е да се знае како функционира нашиот банкарски систем со сите негови банкарски производи и услуги кои ги нуди, а воедно и банкарскиот систем во Република Чешка. Исто така, може и да се примени нешто на пример некои производи кои ги немаме тука да ги примениме од Чешка Спорителна и обратно.

За кои делови од твојата област на студии покажуваш најголем интерес?

Се подразбира дека за банкарството.